Иван Костов: Ако не во јуни, Датум за преговори за Македонија барем во декември
Најважно е во овој момент да се помогне на Македонија што е можно повеќе содржински и поконкретно, без да се гледа дали тие ќе го ценат тоа, дали ќе го одвратат тоа со нешто друго, дали утре нема да се одметнат. Ова треба да се направи и мора да се знае дека нема да се заборави, луѓето секогаш ќе го ценат тоа. Ги повикувам бугарските власти токму тоа да го направат сега, рече Иван Костов, поранешниот премиер на Бугарија во периодот 1997-2001, пренесува БГ НЕС.
Костов рече дека се состанал со македонскиот премиер Зоран Заев. За време на состанокот Заев му рекол дека Македонците ја ценат хуманитарната помош која Бугарија им ја дала во 1999 година за време на депортација на стотици илјади косовски Албанци.
"Треба да сме горди што во оние кошмарни времиња за Македонија успеавме да и помогнемесо втората по големина хуманитарна помош која земјата ја доби. Ова значи дека ние, во споредба со сите други многу богати европски земји, сме одобриле втора по големина хуманитарна помош. Ова малку е познато во Бугарија, но мора да претставува наша гордост. Ние навистина го направивме невозможното. Ова е ценето во Македонија, без оглед на тоа што зборуваат едниот или другиот народ. Тоа ми рече Зоран Заев ", рече Костов.
"И второ, тој ме увери дека сите во Македонија знаат како Бугарија е влезена во ЕУ и во НАТО и поради тоа сме должни како може да помогнеме", појасни тој.
Поранешниот премиер истакна дека преговорите кои им претстојат на Македонците за влез во ЕУ ќе бидат многу потешки, бидејќи тие се водат во многу потешки услови отколку со Бугарија.
"Верувам дека разговорите ќе започнат барем во декември, ако не започнат сега во јуни. На нив нема да им се направи политички компромис да бидат прифатени без да имаат владеење на правото, без да имаат силен правен систем. Тие имаат многу работа да направат, затоа да им помогнеме колку е можно повеќе ", истакна Иван Костов.
