Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВАН ЈОРДАНОВ ОД ВМРО ДПМНЕ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ ВО ШТИП - нудиме нов чесен и посветен пристап

ИВАН ЈОРДАНОВ ОД ВМРО ДПМНЕ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ ВО ШТИП - нудиме нов чесен и посветен пристап

Иван Јорданов, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, прогласи победа. Тој за ТВ Телма изјави дека победил во прв круг во општина Штип. 

„Победија во Штип граѓаните, и затоа сакам да им се заблагодарам на сите наши сограѓани кои и покрај притисоците и поткупот кој се случуваше во изборниот ден, со пенкало во раката се исправија пред непрвдите и ја направија оваа промена. Тие се победници. Победата дефинитивно е во првиот изборен круг, затоа што резултатите кои што стигнуваат до нас ни кажуваат дека водиме со над 3.000 гласа разлика, со што одговорноста е уште поголема да наредниот период од четири години, новата градска власт, а јас како иден градоначалник ќе се вложиме максимално да ја оправдаме довербата. Ќе креираме нова иднина за Штип“, рече Јорданов во разговор за Телма.

Рече дека она што го имаат како сондажа е дека дефинитовно во Штип ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме градоначалник во првиот круг.

„Мора да понудиме нов принципиелен, чесен, посветен пристап, да ги рационализираме трошоците и да бидеме сервис на граѓаните. Очекувам заеднички да ги реализираме сите проекти за развој на Штип“, рече Јорданов.

Слично

Поврзани вести