Иван Ивановски од Support Kocani: Се избегнува да се зборува за трагедијата, но ја поддржувам иницијативата „Кочани 2030“
Иван Ивановски од Support Kocani вели дека оваа организација била единствената која се нафатила да собира донаторски средства за изгорените и за блиските на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
- Па немаше кој друг и ние се нафативме, јас не барам виновници, туку барам решение. Видовме дека тоа е решение и на тоа се концентрираме. Гледате во последниот период никого не напаѓаме, не нема во јавноста, се концентрираме на децата, вели Ивановски во „Тема на денот“ на Сител ТВ.
И самиот има чувство дека се избегнува зборување на темата „Кочани“, но вели дека ја поддржува најавената иницијатива „Кочани 2030“.
- Не се сите работи толку лоши и не затаиле сите институции. МНР си ја заврши феноменално работата, но некои институции како Министерството за здравство можѓело подобро да реагираат. Докторите се вистински херои, а кочанската болница не е виноивна, затоа што кој можел да предвиди дека таму ќе има таква катастрофа
Треба да се обезбеди факултет во Кочани и културно-спортски работи, вака ако го оставиме градот, младите ќе си заминат. После тоа што се слуши, младите повеќе не се гледаат таму, вели тој.
Познатиот финансиски аналитичар додава дека е добро тоа што има голем број на хумани луѓе и дека благодарение на Support Kocani има „еластични нараквици и лепенки“ за повредените.- Чинат по 500, 700 па до 2.000-3.000 евра. тие не се еднократни и треба да се носат некое подолго време и да се менуваат неколку пати. А Лепенките се од 20 до 50 евра но се менуваат постојано и ако некој има неколку изгореници, за секоја изгореница посебно треба по една лепенка, значи потребно е 300 евра да му се стави лепенка насекаде, изјави Ивановски.
