„ИТНО ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКА НАРАКВИЦА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ!“: ЛДП бара изгласување на законските предлози за да се спречат трегедии како во Велес
Итно воведување на електронска нараквица за насилници бараат претставниците на Либерално деморкатската партија.
Од партијата на денешната пресконференција порачаа дека трагедијата која се случи во Велес, при што свирепо беа убиени Росица Коцева и нејзинот татко Киро Коцев треба да биде последна.
- Трагедијата на Росица и нејзиниот татко нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците!
- Предложив на 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме штети кои се ненадоместливи. Кога зборував, молчеа. Молчеа и без аргументи го отфрлија предлогот за електронска нараквица за превенција на жртвите од насилство. Дали денес мирно спиете сите 102 што пратеника што не дадовте поддршка?!? Доволно е. Ниту една повеќе да не биде жртва на насилство и фемицид - објави Моника Зајкова.
