ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ИТНО АПСЕЊЕ НА ГАНИУ ЗА ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ, ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИСПРАВИ, ПЕРЕЊЕ ПАРИ“ Арсовска со порака до Меџити

„ИТНО АПСЕЊЕ НА ГАНИУ ЗА ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ, ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИСПРАВИ, ПЕРЕЊЕ ПАРИ“ Арсовска со порака до Меџити

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска утрово му реплицираше на министерот за животна средина Изет Меџити на темата за која веќе подолг период градоначалничката објавува видеа или постови на нејзинот официјален Фејсбук профил. 
- Tаман работа господине Меџити јас да не давам решение за вие да си продолжите со криминалов.

1. Итно апсење на Висар Ганиу за зллосторничко здружување, фалсификување јавни исправи, перење пари, злоупотреба на службена должност и за загрозување на животот и безбедноста на чаирчани

2. Прекин на 50те нови згради дивоградби кои ВО МОМЕНТОВ ГИ ГРАДИТЕ во Чаир, без проект, без дозвола, без да платите комуналии каде крадете вода и струја А ЛАЖЕТЕ ДЕКА СЕ ГРАДЕНИ ВО 2010

3. Да се изготви регистар на згради кои ќе се испитаат сеизмички, а измамените од вашите небезбедни облакодери дивоградби Владата да ги обештети за мирно да спијат во нов безбеден дом (ако можеше да се даде за Арачиново, може и за Чаир)

4. Да почне во Чаир да ви функционира градежниот инспекторат на терен, а ако не смее тогаш Министерство за транспорт да ви ги одземе ингеренциите и Државниот градежен инспекторат да ви врши надзор - напиша Арсовска пренесувајќи и фотографии од Меџити и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу. 

Еве ја нејзината објава:

Арсовска изминатиов период повеќе пати објавуваше за нелегални градби низ општина Чаир, поради што при една од последните објави и снимања беше нападната по што доби и обезбедување. 

ad
Слично

Поврзани вести