Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИТНА МЕРКА: Има забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште”

ИТНА МЕРКА: Има забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а Влада усвои следниве заклучоци: забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште”, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата во општина Гази Баба, а за надлежен за оваа проблематика го назначи првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

„Заклучоците се донесоа по дискусијата за состојбата со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, кои по исцрпната дискусија, членовите на Комитетот, поради зголемените ризици по животот и здравјето на граѓаните и поради загадувањето на животната средина, ги донесоа за превенција и отстранување на штетните последици од пожарите на депонијата „Вардариште“. Овие заклучоци се во насока на заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните, како и превентивно управување со потенцијални кризни ситуации од ваков тип“, се вели во соопштението. 

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи будно ја следи целата ситуација вои и околу Вардариште и ќе биде вклучена се до трајно решение на овој проблем, за што бара трпение од засегнатите граѓани. 

Граѓаните протестираа поради чадот, загадениот воздух, а деновиве Скопје пак беше високи на листите на најзагадени градови во светот. 

„После успешно завршената сезона на пожари, споредено со другите држави во регионот, каде имаше жртви, големи населени места кои беа евакуирани, каде што имаше голема штета во имотот, движен и недвижен, ние такви случаи немавме поради добрата организација и навремено организирање“, вели премиерот Христијан Мицкоски кој смета дека некому ова му пречело и затоа се користел периодот пред избори за да се создаде паника и негодување. 

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата.

Слично

Поврзани вести