Економија, финансии, бизнис

Контакт

Итен состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште на Водно

Итен состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште на Водно

По иницијатива на Општина Центар, во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок поради обрушување на земјиште на Водно.

Состанокот се одржал помеѓу директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби.

„Состанокот беше свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.

Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето“,објави ЦУК.

Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата за натамошно постапување.


Слично

Поврзани вести