ИТАР-ТАСС: Извор од ЕУ потврди „датум“ за Македонија
Извор од Европската унија за руската информативна агенција ИТАР-ТАСС потврдил дека Македонија ќе добие датум за преговори во јуни по постигнатиот договор на владино ниво помеѓу Скопје и Атина.
Решението на спорот конечно ќе го помести од мртва точка процесот на прием на оваа земја во Европската унија, вели соговорникот од седиштето на ЕУ за ИТАР-ТАСС.
- Со оваа одлука ќе бидат задоволни министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ на состанокот на 25 јуни, а потоа истото задоволство ќе биде потврдено од лидерите на ЕУ на самитот на 28-29 јуни. Со добивањето на датумот за преговори, Македонија ќе биде охрабрена целосно да го заврши процесот на хармонизирање на своето законодавство со европското пред конечниот прием - рекол релевантниот извор кој инсистирал да остане анонимен.
