Италијанскиот претседател Серџо Матарела најави дека ќе ја посети Македонија
Италијанскиот претседател Серџо Матарела најавил дека ќе ја посети Македонија.
Претседателот Стево Пендаровски вечерва во Рим се сретна со италијанскиот колега, кој му најавил дека до крајот на годината ќе дојде во посета на земјава.
„Разговаравме и за нашите закочени евроинтеграции. Добивме целосна поддршка дека Италија ќе се заложи процесите да се интензивираат за цел Западен Балкан. Вети дека до крајот на годинава ќе дојде во Северна Македонија, што ќе биде трета посета на италијански претседател од независноста“, вели Пендаровски.
Но, директно за проблемот со Бугарија не разговарале.
Слично
