Италијанец ограбен во центарот на Скопје, му одзеле часовник и чанта со пари
Дваесет и двегодишен италијански државјанин бил ограбен во центарот на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, М.Б. од Италија на 4 јули во 14.10 часот пријавил во СВР Скопје дека истиот ден околу 6 часот, на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила му одзело часовник и чанта со пари.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Целото соопштение:
На 04.07.2026 во 14:10 часот во СВР Скопје, М.Б.(22) од Италија пријави дека околу 06:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила, му одзело часовник и чанта со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слично
