Италијанец од Скопје со бугарски „туарег“ прегазил девојка во центарот на главниот град
Вчера 63-годишен Италијанец прегазил 24-годишна девојка од Скопје во центарот на главниот град, објави полицијата.
-Вчера во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туарег“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(63) од Италија, со постојан престој во Скопје, удрилo во пешакот Т.К.(24) од Скопје, информираат од МВР.
Во несреќата Т.К се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Слично
