Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИТАЛИЈАНЦИ „ИЗГОРЕА“ КУМАНОВЕЦ: Сакал машина за кроење, си остана без илјадници евра

ИТАЛИЈАНЦИ „ИЗГОРЕА“ КУМАНОВЕЦ: Сакал машина за кроење, си остана без илјадници евра

Триесет и три годишен Кумановец си остана без скоро 50 илјади евра.

Наместо да ја добие автоматската машина за кроење тој добил информација дека парите ги улатил на лажна сметка .

Случајот го обелодени кумановската полиција каде лично Кумановецот пријави за измамата.

Според информациите тој на 9 ноември уплатил 30 проценти аванс за автоматска машина за кроење, односно износ од 46.638 евра на фирма од Италија а уште истиот ден во повратниот мејл добиен од италијанска фирма, проследен со  потпишан купопродажен договор биле добиени лажни податоци за плаќање во странство. 

Надлежните велат дека името на  фирмата-примач била точна, но информациите за банкарски детали и банката на примач биле лажни.

Кумановецот решил лично да се пресмета па се јавил во фирмата од каде што му кажале дека  банкарските информации се неточни, а парите што се уплатени не се добиени на нивната сметка.

Слично

Поврзани вести