ИСТРАЖУВАЊЕ: Македонија е во групата на нетолерантни земји, еве зошто...
Македонија е во групата на нетолерантни земји.
Истражувањето на Галуп Интеренешнл од минатата година, покажува дека националните мнозинства кои силно се држат до тезата за супериорност на мнозинството над малцинствата во врска со религија, култура и раса се следниве земји на врвот на листата по нетолеранција: Парагвај, Бангладеш, Територијата на Палестина, Гана, Либан, Нигерија, Индонезија и Македонија.
Дури 66% од испитаниците во 66 држави се изјасниле дека не постои расна, религиозна и културолошка супериорност. Но, оваа проблематика сепак креира поделби во многу земји, особено во проблематичните државии во економиите во развој. Во оваа група е и Македонија.
Земјите кои не се согласуваат со тезата дека за надмоќ на мнозинствата врз малцинствата се Шведска, Франција, Исланд, Латвиа, Аргентина, Канада и Португалија.
