Истражителите за корупција од САД си заминаа
Тимот за санкции си замина во САД.
Експертите од тимот за санкции на САД си заминале, велат од американската амбасада. Тие минатата недела се информирале за сознанија за случаи на висока функционерска корупција, за активни предистраги против актуелни и поранешни функционери. Но, не се знае што утврдиле за тие 7 дена.
САД се посветени на тоа да ги повикуваат на одговорност оние кои се вклучени во корупција и ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво. Стејт департментот разгледува низа достапни органи на власта, кои во координација со меѓуресорски колеги, преземaат соодветни активности за да се спротивстават на корупцијата.
За премиерот Димитар Ковачевски нема ништо спорно земјава да добие помош од САД во справување со корупцијата.
Од амбасадата веалт дека ова било само првата од повеќе вакви посети на тимот на Македонија.
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер на Твитер на 6 декември најави дека Вашингтон испраќа тим во Македонија за поагресивен поглед на корумпирани учесници и сегашни и минати. И од ЕУ укажуваа дека за Македонија е многу важна борбара против корупцијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски минатиот месец кажа дека Македонија е една од најкорумпираните држави во Европа.
