Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истрагата за случајот „Онкологија“ привршува, вештачењето ги потврдува сомнежите

Истрагата за случајот „Онкологија“ привршува, вештачењето ги потврдува сомнежите

привршува истрагата за случајот со Клиниката за онкологија, аод Основното јавно обвинителство брифираат дека вештачењето во Србија ги потврдило сомнежите за несоодветно лекување пациенти.

Минатата година, по објавената државна ревизија, излегоа наоди за нелегална препродажба на лекови и несоодветна грижа на пациенти на Клиниката за онкологија.  Пропусти при набавка на биолошка терапија, лошо планирање на системот за приклучиување на пациенти на терапијата, набавка на лекови на реверс без формирана цена, пречекопрување на Буџетот за над 10 милиони евра и ненаплатени долгови од речиси 3,5 милиони евра. Ова беа дел од наодите на државните ревизори за работењето на Клиниката за онкологија во 2021 година.

Основното јавно обвинителство на 2 септември 2023 отвори предистражната постапка по објавите на медиуми дека имунолошката терапија од цитостатиците, од која зависи животот на пациентите болни од рак, постојано доцни, но и дека во неколку наврати вработени на клиниката биле фатени како ја крадат и ја препродаваат неопходната и скапа терапија. Обвинителството тогаш соопшти дека работата ќе ја истражат до крај, а евентуалните сторители ќе завршат пред Суд. 

Како што беше речено на брифинг со новинарите, во тек се и вештачењата во Словенија кои треба да бидат готови до крајот на јануари.

– Со оглед дека кај нас нема вештак онколог, издадовме наредби за вештачења до Србија и Словенија. Во Србија испративме 16 истории и тоа вештачење е завршено, доставено ни е, а другото, во Словенија, каде испративме 51 историја, според прелиминарниот извештај треба да заврши до крајот на јануари. Во моментов можам да потврдам дека нашите сомнежи за несоодветно лекување се потврдени со вештачењето од Србија. Се надеваме дека истрагата ќе трае до 31 јануари кога и би ја затвориле, рече надлежната обвинителка.

Според неа, докази за продажба на цитостатици во Косово не се обезбедени.

– Сепак, се сомневаме дека на некои пациенти терапија не им е воопшто давана, иако била препишувана на нивно име, истакна обвинителката. 


Слично

Поврзани вести