Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истрагата во случајот „Адитив“ ја опфати и претседателката на Антикорупциска комисија, повикана е на распит во суд

Истрагата во случајот „Адитив“ ја опфати и претседателката на Антикорупциска комисија, повикана е на распит во суд

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска е на распит во Основното јавно обвинителство, од каде ја потврдија информацијата.

Според она што го брифира Обвинителството, Димитровска, која од крајот на 2023 е прв човек на Антикорупциска, е поврзана со случајот „Адитив“.

„Во рамките на предметот Адитив од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица. Околу делата што им се ставаат на товар и дејствијата што ги преземале, ќе известиме во текот на утрешниот ден“, гласи кратката информација од ОЈО.

Од таму додаваат и дека ќе бидат побарани мерки за претпазливост, но не прецизираат какви. Во случајот Адитив, за спорните набавки на адитиви за согорување на јаглен во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј, вредна 6,5 милиони евра, се сомничат повеќе луѓе. Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, веќе е во притвор.

Димитровска попалднево е на распит во Обвинителството, а според информации на Канал 5 , таа претходно била донесена во Кривичниот суд со полициска придружба.


Слично

Поврзани вести