Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истрагата уште ги бара причините за превртениот автобус во Драчево

Истрагата уште ги бара причините за превртениот автобус во Драчево
Полицијата се уште ги бара причините заради кои вчера автобусот бр. 67 на ЈСП-Скопје излета од патот кај Драчево, при што 50-тина патници беа полесно повредени. Директорот на ЈСП Мишо Николов, во изјава за МРТ утрово истакнал дека возачот возел со брзина од 70 километри на час, што е повисока од дозволената. Тој демантира дека откажале сопирачките на автобусот, а возилото ги имало и сите документи за техничка исправност. Сепак, последниот збор треба да го каже истрагата. По вчерашниот инцидент, тројца од повредените патници се задржани на скопските клиники. Нивната состојба е стабилна, информираат лекарите. Николов вчера истакна дека три причини е можно да ја предизвикале несреќата - пребрзо возење, технички дефект на автобусот или некаков објект на патот во кој удрил автобусот. Возачот на автобусот е премногу вознемирен, не се сеќава како се случила несреќата во Драчево  
Слично

Поврзани вести