Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истрага: Груевски живее во хотел, ама ќе добие и стан во Будимпешта

Истрага: Груевски живее во хотел, ама ќе добие и стан во Будимпешта

Чека стан, но засега се уште живее во хотел во Будимпешта. Според неофицијални информации од истрагата, поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија престојува во еден хотел и таму е откако отиде и доби статус на бегалец. Сепак се тврди дека наскоро ќе има детали од истрагата па ќе се знае точно како се случило бегството и кој евентуално би бил одговорен за тоа. 

Груевски беше забележан од медиумите во Бидимпешта како шета низ градот, а дополнително се појави и снимка како има ручек во еден ресторан. 


Тој во последно време не се огласил на фејсбук иако со две објави прво пријави дека е таму, а после и дека добил азил од унгарската држава. 

Груевски е во Унгарија од 13 ноември, а објавата дека добил азил е од 20 ноември. Овде во Скопје се неговата мајка, сопругата и две малолетни деца.

Инаку спред наши информации истрагата има детали како се подготвувало бегството. Според нивни информации можеби се поставувани и мамки, па биле изнајмени и станови во Солун, ама за тоа нема официјална потврда. 

Слично

Поврзани вести