„ИСТОРИСКИ ШАМАР ЗА ВМРО-ДПМНЕ ВО БРИСЕЛ ОД СЕСТРИНСКАТА ПАРТИЈА CDU“: Мартин Костовски открива - амандманот за модерен македонски јазик е одбиен!
Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, на социјалните мрежи напиша дека ВМРО-ДПМНЕ добиле шамар од сестринската партија CDU, затоа што амандманот за модерен македонски јазик бил одбиен.
„Историски шамар за ВМРО ДПМНЕ во Брисел од сестринската партија CDU!
24.06.2025 | Европски парламент
Амандманот за „модерен македонски јазик“ — ОДБИЕН!
Амандамнот со кој се спореше македонскиот јазик — поднесен од CDU, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беславно падна на гласање во Европскиот парламент.
НЕ помина!
Европа кажа: Доста е со балкански игри!
КАМЕНОТ ОД БЛИСКУ ДОАЃА!
EPP (групацијата каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ) се обиде да го протурка терминот "модерен македонски јазик", во обид да ја релативизира јазичната посебност на Македонците.
Но, амандманот падна!
И со тоа:
Пораз за Бугарија
СРАМ за ВМРО-ДПМНЕ – кои молчат кога треба да застанат за државата!
ЗОШТО Е ОВА ВАЖНО:
Координаторот на EPP, Михаел Галер – член на CDU Германија, директно застана зад амандманот.
А ВМРО-ДПМНЕ, нивната "сестринска" партија, ниту демантира, ниту се огради, нити застана во одбрана на македонскиот јазик.
Тишина од Белиот дворец.
Ама затоа дома глумат патриоти...
Заради партиска суета, се дозволи:
да се плука по македонскиот јазик,
да се отвори нов фронт за Бугарија,
и сето тоа – со тивка поддршка од ВМРО-ДПМНЕ
ПРАШАЊЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ:
Дали сте уште во EPP?
Дали го поддржувате овој амандман?
Зошто не застанавте јавно во одбрана на македонскиот јазик?
НЕ Е САМО ПОРАЗ – ОВА Е СРАМ!
Паднат е амандманот –
но падната е и маската на лажниот патриотизам.
„Modern Macedonian language“ – со црвена линија преку зборовите
Македонскиот јазик под напади – со ВМРО-ДПМНЕ во сенка
Камен од блиску – како удар во глава со логото на ЕП
Лажен патриот со парола „нема предавство“, а потпишан во тишина“, напиша тој.
Слично
