Историски најмала излезност за гласање во прв круг
Излезноста на гласачите за првиот круг од локалните избори според податоците на Државната изборна комисија е најмала досега.
Одзивот на гласачите за совети и градоначалници на осмите локални избори, од независноста на земјава досега, што се одржаа вчера,за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот круг.
Најверојатно ќе биде најмала досега со 48.29 отсто според обработени 99.94 проценти на обработени гласови од 3 472 избирачки места од вкупно 3 474.
Најголема излезност во првиот круг на изборите за градоначалници во земјава имало на Локалните избори во 2013 година – 67 отсто, по што е во постојан пад, на 60 отсто на Локалните избори во 2017 и 50,57% на Локалните избори 2021 година.
Слично
