Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТОРИСКА СЦЕНА ПРЕД ХРАМОТ НА СВЕТИ САВА: Литургијата на помирување меѓу МПЦ-ОА и СПЦ ќе почне во 9 часот (ВИДЕО)

ИСТОРИСКА СЦЕНА ПРЕД ХРАМОТ НА СВЕТИ САВА: Литургијата на помирување меѓу МПЦ-ОА и СПЦ ќе почне во 9 часот (ВИДЕО)

Пред храмот веќе се собрани голем број верници. Присутни се и медиумите од Македонија, пренесуваат српските медиуми

Патријархот на СПЦ Порфириј утрово ја пречека делегацијата на „Охридската архиепископија“ предводена од архиепископот Стефан во близина на храмот на Свети Сава во Врачар.

Заедно со патријархот, гостите од Македонија ги пречекаа бројни владици на СПЦ, а во црквата биеја камбани во знак на братско помирување.

Поглаварот на Српската православна црква и архиепископ Стефан денеска ќе служат „литургија на помирување“.

„Како што бијат камбаните на храмот ’Свети Сава‘, така и нашите срца бијат од радост за овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа! Добредојде брате, архиепископе Стефан и владици. Добредојдовте во заедницата на љубовта вие и целиот ваш богољубив народ. Браќа сме и само браќа!“ - стои во постот покрај видеото објавено од Патријархот на СПЦ Порфириј.



Заедничка богослужба на патријархот Порфириј и архиепископот Стефан, е најавена во 9:00 часот во храмот Свети Сава.

Оваа богослужба треба да го официјализира и крајот на расколот што се случи пред половина век.

Да потсетиме, во Белград во тек е седница на Парламентот на СПЦ, а една од првите најави, по собирот на владиците, беше дека „Охридската архиепископија“ се враќа на канонско единство со СПЦ.

Foto: Printscreen Patrijarh Porfirije Instagram

Слично

Поврзани вести