Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТОРИСКА ПОСЕТА: Прв грчки премиер во официјална посета на високо ниво по осамостојувањето на Македонија

ИСТОРИСКА ПОСЕТА: Прв грчки премиер во официјална посета на високо ниво по осамостојувањето на Македонија

Премиерот на соседна Грција Алексис Ципрас во вторник, на 2 април, ќе престојува во Македонија.

Тоа ќе биде првата официјална посета на високо ниво на еден грчки премиер од стекнувањето на македонската независност во 1991 година.

Делагацијата која Ципрас ќе ја предводи ќе биде дочекана на скопскиот аеродром, после што ќе следи свечен дочек со високи државни почести пред Владата на Република Северна Македонија.

Премиерите Заев и Ципрас ќе разговараат најпрво во четири очи, а предвидена е и заедничка седница на двете влади.

Најавена е и заедничка прес конференција за медиумите.

Ципрас ќе се состане и со претседателот на собранието Талат Џафери.

Во придружба на Ципрас доаѓа и голема бизнис делегација составена од претставници на над 70 грчки фирми.

Слично

Поврзани вести