Економија, финансии, бизнис

Контакт

Историчарите денеска ќе соопштат дали има договор

Историчарите денеска ќе соопштат дали има договор

Заедничката македонско-бугарска комисија за историја треба денеска да соопшти дали и за кои прашања има напредок во преговорите. Главна тема на средбата во Охрид останува прашањето за Гоце Делчев и содржините на учебниците по историја, кои историчарите од двете држави ги разгледуваат како чувствителни прашања.

Премиерот Зоран Заев, кој веќе се сретна со македонските експерти, рече дека комисијата досега постигнала согласност за шест историски личности и четири периоди. Од осмата по ред средба на македонските и бугарските историчари се очекува конкретен напредок за најжешките теми.  

Во меѓувреме ситуацијата ја комплицираат и дваесетината барања кои Владата во Софија, ги постави како основа за евроинтеграциите на земјава. Останува да се види дали тоа негативно ќе влијае на атмосферата внатре во македонско-бугарската комисија за историја.

Софија како услови за членството во ЕУ од земјава бара да се откаже од признавањето на македонското малцинство во Бугарија, да го отстрани терминот „бугарски фашистички окупатор“ од текстовите во учебниците и натписите на спомениците, но и да се откаже и од терминот „македонски јазик“ во ЕУ-документите.

Ова е петта средба на Комисијата оваа година, а до крајот на годината е предвидена уште една. Истата започна вчера, а треба да заврши денеска.
Слично

Поврзани вести