Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСТОКОТ СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес во Грција, сигна до Делчево и Бугарија

ИСТОКОТ СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес во Грција, сигна до Делчево и Бугарија

Уште еден земјотрес почуствуван во земјава пред неколку минути.

Европската сеизмолошка опсерваторија регистрираше земјотрес во 10:15 часот со јачина од 4,3 степени по Рихтер јужно од Стар Дојран а се почуствува и во повеќе градови во источниот дел од земјава, како Делчево, Македонска Каменица и Берово, а се почуствувал и во соседна Бугарија.

Епицентарот бил на 5 км западно од Кристони, соседна Грција, а 162 км југоисточно од Скопје.

Ова е втор земјотрес од Грција кој е почуствуван на македонско тло.

Земјотрес е почувствуван во 8.38 часот утринава со епицентар на 19 километри јужно од Стар Дојран во Македонија и на 154 километри југоисточно од Скопје, со длабочина од 10 километри. Тој беше послаб со интензитет од 3,4 степени по Рихтер.

Слично

Поврзани вести