Истокот обвиткан во магла, возачи внимавајте на овие патни правци
Aко утринава вашите обврски наложуваат да патувате, тогаш возете внимателно.
Коловозите се влажни а Авто мото сојузот на Македонија информира дека во источниот регион е намалена видливоста поради маглата која е најзастапена во Делчево и Смојмирово каде е од 30 до 50 метри .
Почитувајте ја сигнализацијата и посебно внимавајте на клисурите.
На одрони е можно да налетате кај Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Не заборавајте дека се уште на сила е законската обврска за зимска опрема која мора да ја поседувате во вашите автомобили .
Слично
