Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истепана трудница во седмиот месец од бременоста

Истепана трудница во седмиот месец од бременоста

Бремена жена во седмиот месец, нејзиниот сопруг и син, вчера се нападнати од маж и жена, кои по нив удирале со клоци, тупаници, но и дрвена палка, информираат од МВР. 

„Било пријавено дека на улицата “Владимир Комаров“ во барака, Ф.К.(30) заедно со неговата сопруга С.Д.(22) физички ги нападнале М.Е.(32) и неговата сопруга М.Д.(29). М.Е., неговата сопруга и нивниот син почнале да бегаат, но Ф.К. и С.Д. ги пристигнале и почнале да ги удираат со тупаници, клоци и дрвена палка. Била повикана Итна медицинска помош и повредените биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде М.Д. која што била во седми месец на бременост, била прегледана од страна на лекар и била задржана“- информираа од МВР. 

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слично

Поврзани вести