Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСПУКАНИ 80 КУРШУМИ: Убиениот е Камер Идризи, кон него се пукаше и во Александар Палас

ИСПУКАНИ 80 КУРШУМИ: Убиениот е Камер Идризи, кон него се пукаше и во Александар Палас


Камер Идризи, кој има 43 години е убиен во синоќешното пукање во скопската населба Бутел 2, се дознава неофицијално, иако полицијата се уште не ја потврди информацијата. Тоа е истото лице кон кое беше пукано во престрелката во 2019 година кај скопскиот хотел Александар Палас. 

Идризи секако и е добро познат на полицијата, а синоќа во критичниот момент бил во возило марка „голф“ на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“. Од возило во движење, најверојатно „ренџ ровер“ кон Идризи и негов помал внук кој бил со него во автомобилот биле испукани неколку десетици куршуми. 

Инаку при напдаот во Александар Палас напаѓачи со автоматско оружје и фантомки на лицето упаднаа во хотелот, а поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите. Полицискиот службеник пукал во напаѓачите во самоодбрана, а тогаш нападната група беше од скопско Грчец.

МВР наскоро ќе соопшти и други детали.


Слично

Поврзани вести