Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСПРАВЕНА Е ГРЕШКАТА: Пратениците дадоа зелено светло за извештајот на Народниот правобранител

ИСПРАВЕНА Е ГРЕШКАТА: Пратениците дадоа зелено светло за извештајот на Народниот правобранител

Собранието попладнево го усвои извештајот на Комисијата за политички систем за спроведување на препораките за надминување на констатираните состојби содржани во извештајот на Народниот правобранител за почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2016 година.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, рече дека со ова се поправа грешката со неусвојувањето на извештајот направена на седницата во понеделникот, оваа недела, поради недоволна координација на пратеничките групи и на спикерот Талат Џафери.

„Нашата определба за унапредување на човековите права и слободи за унапредување на демократијата во земјава, за воведување на нови европски стандарди во сите сфери во општеството ниту била, ниту е, ниту ќе биде доведена во прашање“ - вели Тунтев. 

Препораките на Народниот правобранител вчера беа на повторно разгледување во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, по што повторно беа ставени на дневен ред и усвоени на денешната седницата, но, овој пат како извештај на Комисијата. 

На ваков начин, рече Тунтев, ќе се овозможи спроведувањето на клучните реформи во државата, кои што ќе значат унапредување на демократските процеси во земјата и вистински напредок на демократијата.

Слично

Поврзани вести