Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСПРАТИЈА ПИСМО ДО ТАРАВАРИ: Tриесет лекари од Козле бараат смена на директорката

ИСПРАТИЈА ПИСМО ДО ТАРАВАРИ: Tриесет лекари од Козле бараат смена на директорката

Со писмо до министерот за здравство, Арбен Таравари и до премиерот Христијан Мицкоски, 30 доктори од Клиниката за деца Козле бараат смена на директорката, а таа демантира. 

Тие бараат смена на в.д директорката Каролина Симоновска. Оваа реакција е поради нарушените организациски и меѓучовечки односи во установата. Револтираните вработени бараат да се стави крај на самоволието и како што наведуваат да се спречи нејзината неспособност.

Посочуваат и примери за лошото менаџирање, меѓу кои уништување на кабинетот за бронхоскопија па итни деца се препраќале на Клиниката за ОРЛ. Поради наредбата на интензивна да се примале сите доенчиња до 3 месеци и деца на кои им треба кислородна подршка, се надминувал капацитетот и мали пациенти и мајки и во 3 по полноќ биле префрлани на оддели во неисчистени соби. Обвинуваат и дека направила повеќе незаконски постапки, секојдневно трпеле навреди за несовесно работење и мобинг, а кога влегувале кај нејзе во канцеларија задолжително требало да се остават телефоните кај секретарката.

Затоа бараат Таравари итно да ја разреши, а нивните потписи биле доставени на увид во министерството. 

Изнесените обвинувања ги демантираше стручниот колегиум и директорката, посочувајќи дека се невистини.  Сите оддели непречено работеле, а лекарите кои стоеле зад писмото и вршеле притисок биле политички мотивирани и го рушеле кредибилитетот на установата.

„Оваа мала група на незадоволни поединци бараат од Директорката да се вратат специјализантите во амбулантите и ги гледаат само своите лични интереси. Директорката ужива голема поддршка од мнозинството од сите профили на вработени и активно се залага за подобрување на условите и за вработените и за пациентите“, стои во демантот од  Клиниката Козле.

Министерот за здравство кратко одговори дека прво ќе се сретнал со директорката Симоновска за да ја слушне и нејзината страна па тогаш ќе одлучи дали ќе ја разреши.

Слично

Поврзани вести