Економија, финансии, бизнис

Контакт

Испратени словенечките пожарникари по една недела интервенција

Испратени  словенечките пожарникари по една недела интервенција

На градскиот стадион во Берово вчера се одржа завршна средба по повод успешно завршената интервенција на словенечките и македонските пожарникари на планината Готен. Словенците си заминуваат по еднонеделна помош во Македонија.

Претставникот на словенечките пожарникари, Роберт Шкрл изрази надеж дека со својата мисија помогнале успешно да биде завршена интервенцијата на пожарот на планината.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пејовски упати благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, особено до словенечките пожарникари. 

Во рамки на посетата, словенечките пожарникари ја посетија и улицата „Жан Кофол“, именувана во 2021 година по загинатиот словенечки пожарникар кој учествуваше во гаснењето на пожарите во Берово, а подоцна го загуби животот во сообраќајна несреќа во Словенија.

Словенечките пожарникари дојдоа во земјава откако беше побарана меѓународна помош во гаснење на пожарите. 


Слично

Поврзани вести