Економија, финансии, бизнис

Контакт

Испратена покана до БПЦ за 1.000-годишнината од Охридската архиепископија

Испратена покана до БПЦ за 1.000-годишнината од Охридската архиепископија

Архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан за бугарската агенција БГНЕС потврди дека МПЦ ги поканила раководителите на Бугарската православна црква за заедничко празнување на 1.000-годишнината од Охридската архиепископија.

Годинава се навршуваат 1.000 години од создавањето на Охридската архиепископија, а празникот ќе биде одбележан со државно-церковни прослави на27 и 28 мај во Охрид.

„Тоа е редок јубилеј. Малку се институциите кои можат да се пофалат со толку долг живот. Охридската архиепископија има значење за сите православни народи. Верувам дека на празнувањето ќе имаме гости и од соседните народи и од соседните цркви“, изјавил архиепископот Стефан.

Тој потврди дека МПЦ-ОА испратила покана до бугарскиот патријарх и до бугарскиот државен врв и се надева дека ќе присуствуваат на чествувањето во Охрид.


Слично

Поврзани вести