ИСПРАЌАЛ ПИСМА И ПОРАКИ НА БИВШАТА ВЕРЕНИЦА: Неготинчанец доби кривична за демнење
Неготинчанец ја демнел поранешната вереница, за што доби кривична пријава.
Жител на Неготино на возраст од 35 години, според полицијата, со месеци ја следел и ја демнел поранешната вереница, испраќајќи ѝ писма и несакани пораки.
„На 27.06.2023 ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Б.П.(35) од Неготино, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од февруари 2023 до 02.05.2023 година, пријавениот неовластено ја следел неговата поранешна вереница и ја вознемирувал со пораки преку „Вајбер“ и со испраќање писма до домот во којшто таа живее“, информираат од полицијата.
Слично
