ИСПОВЕД ПРЕД ПАПАТА ФРАНЦИСК: Чесните сестри помагаат секому без разлика од која вера сте
Велат Животот за некого е мајка за други маќеа. Млада жена останала самохрана мајка откако со штотуку роденото бебе била исфрлена на улица од сопствениот сопруг и татко на нејзиното дете. Самохраната мајка буквално останала сама на улица со детето. Но, тогаш во пресрет и излегле чесните сестри, кои ги примиле во нивниот дом и им пружиле достоен живот.
„Никогаш не ме прашаа дали сум православна, или која и да сум вера. Знаеја дека ми е потребна помош и ни помогнаа. Исто така, никогаш досега не побарале од мене да ја сменам верата, јас сум православна христијанка. Без разлика на мојата вера, тие сеуште се тука за мене и за мојата ќерка. Ти благодарам Свети оче што ја посети нашата земја“, му се заблагодари граѓанка на папата Франциск пред Спомен куќата на Мајка Тереза.
Голем број на верници го пречекаа Шефот на Католичката црква пред спомен куќата на светицата од Скопје.
