Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСПЛАТЛИВА РАБОТА: Од овој стар занает може да се заработат 1.200 евра месечно!

ИСПЛАТЛИВА РАБОТА: Од овој стар занает може да се заработат 1.200 евра месечно!

Дека луѓето ја ценат рачната работа покажува побарувачката и цената која се подготвени да ја платат. 

Од старите занаети може добро да се живее, а брзите раце можат да заработат и по 1.200 евра месечно, пишува српски Курир. 

Пример за тоа е Марија Иванковиќ Јуришиќ од Шабац, која има работилница за ткаење,шиење, хеклање и друго. 

„Има многу работа и планирам да вработам уште жени. Заработувам доволно да покријам трошоци, од закуп кој е 1.500 евра до плати, не сум во кредити и долгови и што е најважно имам за проширување на работата“ - вели таа. 

Рачно изработената облека ја продава во Виена и Амстердам. 

Таа смета дека секој кој се занимава со стари занаети може своето знаење да го претвори во пари. 


Слично

Поврзани вести