Испланиран уште еден ТВ-дуел на Мециновиќ и Ѓорѓиевски
Кандидатот за градоначалник на Град Скпје, Амар Мециновиќ, најави уште една дебата со пртивкандидатот во вториот круг од локалните избори - Орце Ѓорѓиевски, откако објави дека ја прифатил поканата на Телма за уште еден ТВ-дуел.
- Добро утро Скопје, дебата на Телма за следниот четврток. Со задоволство ја прифаќам поканата на телевизијата Телма за учество во дебатата за главниот град со мојот противкандидат. Во духот на демократијата и витешката борба, сметам дека сите дебати се добродојдени, објави Мециновиќ.
Вчера кандидатот на Левица и пратеник заедно со актуелниот градоначалник на Кисела Вода го потврдија телевизиското соочување на Канал 5 во вторник.
Слично
