Економија, финансии, бизнис

Контакт

Испишан графит „Локвенец и Кети – мртви сте ВМРО“ на канцеларија на СДСМ

Испишан графит „Локвенец и Кети – мртви сте ВМРО“ на канцеларија на СДСМ

Графит „Локвенец и Кети – мртви сте ВМРО“, беше нацртан на ѕидот од канцеларијата за контакт со граѓаните на пратениците од СДСМ во Прилеп. Случајот е пријавен во полиција.

Според Златка Пурковиќ, асистент на пратениците Хари Локвенец и Кети Смилеска, станува збор за чекор на безумие на политичкиот противник.

– Овој натпис најверојатно е напишан ноќеска. За мене е уште еден чекор на безумието на ВМРО-ДПМНЕ по оние неколкудневни напади на пратениците со протести пред нивните домови во Прилеп. Ова е и вандалски чин, бидејќи, да осудуваш луѓе на смрт кои се избрани од народот на регуларни избори, е навистина грозно. Порачувам дека ова не е време на „ќосињата“, туку време на демократија, а Хари Локвенец и Кети Смилеска се дел од тимот кој упорно работи на тоа. Инаку, оваа канцеларија постои 12 години и досега не се случило вакво нешто – изјави Пурковиќ.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со демант дека имаат било каква вклученост и бараат најбрзо да се најдат сторителите.


Слично

Поврзани вести