Исмет Гури, поранешниот функционер во УЈП, избегал од куќен притвор
Исмет Гури, поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи во Скопје, еден од осомничените во истрагата која се водеше против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, избегал од куќен притвор.
Обвинителката Ивана Трајчева за Скопје 1 потврдиле дека по поранешниот функционер на ДУИ, а потоа член на фракционерската „Огнената група“, е распишана потерница откако полицајците при контрола не го пронашле дома.
Гури доби куќен притвор откако претходно постојано беше на лекување по болници. Обвинет е за правење фиктивни побарувања за поврат на данок при што фантом фирмите неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.
Во голема полициска акција во јули беа уапсени бизнисмени, инспектори и политички функционери, а меѓу нив и Гури, кој беше разрешен своевремено затоа што беше член на „Огнената група“ од ДУИ.
Претходно Гури беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3.
