Исмајлоска Старова: Добро е што со Договорот првпат се прифаќа постоењето на македонска нација
Независната пратеничка Нола Исмајлоска Старова вели дека во Грција е дискутабилно спомнувањето на македонски народ, и според неа добро е што Договорот овозможува признавање.
„Добро е што со Договорот првпат се прифаќа постоењето македонска нација и македонски јазик од грчка страна. За да гласаме многу е битно да стои дека Договорот ќе биде ништовен доколку Грција не го исполни во целост“, вели Исмајлоска Старова.
Независната пратеничка Елизабета Канческа Милевска, на денешната расправа на собраниската Комисија за уставни прашања на тема четвртиот и последен нацрт амандман, и порача на власта дека треба да се обиде да постигне консензус по прашањето на промена на Уставот.
Слично
