Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исмајлоска Ставрова тврди дека не гласала поради Мијалков

Исмајлоска Ставрова тврди дека не гласала поради Мијалков

Пратеничката Нола Исмајловска – Старова, една од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и опозициската коалиција што гласаше за отворање на Уставот, вели дека ќе одлучи дали ќе ги поддржи уставните амандмани во последната завршна фаза зависно од тоа како ќе се дефинираат самите амандмани после јавната расправа. 

Според неа,  многу е важно и како ќе тече процесот на помирувањето.

„Помирувањето е важен дел од овој процеси мислам дека сите институции треба да бидат внимателни за да не му наштетат и на тој дел од овој процес“ – вели Исмајловска – Старова во интервју за емисијата 360 степени на телевизијата Алсат М.

Вели притворите за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, екс министерот, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски го вознемируваат севкупниот процес. Таа смета дека тие добиле притвор поради бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, што, според неа, е погрешен чекор. 

Вели дека не гласала поради Мијалков. 

Слично

Поврзани вести