Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ: Каде е Македонија на листата на најбезбедни земји во светот?

ИСЛАНД Е НА ВРВОТ: Каде е Македонија на листата на најбезбедни земји во светот?

Најновите податоци од Глобалниот индекс на мир (GPI) покажуваат дека оваа година просечното ниво на глобален мир се влошило за 0,36 проценти. Ова е 13-то влошување на мирот во последните 17 години, при што 74 земји бележат подобрување, а 87 влошување на мирот.

Исланд останува најмирната земја во светот, позиција што ја држи од 2008 година. На врвот се и Ирска, Австрија, Нов Зеланд и Швајцарија. Сите овие земји, освен Швајцарија, беа исто така рангирани меѓу десетте најмирни земји во првата година од индексот.  Македонија годинава е рангирана на 51-то место од вкупно оценети 163 земји, што претставува влошување за четири позиции во однос на претходното рангирање.

Инаку, на листата доминираат европските земји. Од земјите во регионот, Хрватска е рангирана на 19-то место, додека Словенија е на високо деветто место. Црна Гора е на 34 место, Бугарија на 29, Грција на 45, а полошо рангирани од Македонија се Албанија на 52, БиХ на 59 и Косово ни Србија на 63, односно на 64 место.

Листа на 20-те најбезбедни земји во светот:

Исланд
Ирска
Нов Зеланд
Австрија
Швајцарија
Сингапур
Португалија
Данска
Словенија
Финска
Чешка
Јапонија
Малезија
Холандија
Канада
Белгија
Унгарија
Австралија
Хрватска
Германија

Слично

Поврзани вести