Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исмаиловиќ осуден во „Монструм“ чекал азил во Косово

Исмаиловиќ осуден во „Монструм“ чекал азил во Косово

Бегалецот Африм Исмаиловиќ, осуден во „Монструм“, пред два дена беше уапсен во Приштина. 

Неговиот адвокат вели дека чекал одобрение на барањето за азил во Косово. Како што пишува порталот „Газета експрес“, тој е  уапсен случајно, кога е идентификуван од поради учество во сообраќајна несреќа.  Неговиот адвокат Бесник Бериша изјави дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и притоа надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.

Покрај Африм Исмаиловиќ, во бегство во Косово е и Алил Демири, од каде косовските власти со години не ги екстрадираат. Вчера пред Владата роднините на осудените протестираа. 

Слично

Поврзани вести