Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ислам Абази со кафе и букет цвеќе ја испрати Вилма Русковска: Фотографиите со ДУИ ми се од свадби

Ислам Абази со кафе и букет цвеќе ја испрати Вилма Русковска: Фотографиите со ДУИ ми се од свадби

Ислам Абази денеска го зпаочна својот прв работен дено како нов шеф на ОЈО за организиран криминал и корупција.

Тој даде свечена заклетва пред советот за јавни обвинители со која вети дека чесно и професионално ќе ја извршува функцијата, а претходно со кафе и со букет цвеќе ја испрати својата претходничка Вилма Русковска на која и истече мандатот а претходно беше суспендирана поради кривична пријава.

Абази најави дека прво што ќе направи е дека ќе побара информација за тоа до каде се сработени предметите на Русковска.

Во изјава за медиумите повторно тврдеше дека нема блиски релации со функционери од ДУИ и дека фотографиите кои се појавија во јавноста се од свадби и случајни средби кои нема никако да влијаат врз неговата работа да гони организиран криминал.

- Мене хоби ми е ловот и планинарењето, сум се сретнал со луѓе и сум се поздравил. Сме се нашле случајно на некој врв од планина и сме го одбележале моментот. Моите родители имаат потекло од Гостивар и имаат познанство со Невзат Бејта. Се сретнавме тука и ништо повеќе од тоа. Во однос на другите фотографии, Зајас е село и може да бидеме поканети на иста свадба или ист настан. Таа фотографија е од свадба и на тие средби не зборуваме за предмети и политика, рече Абази.

Слично

Поврзани вести