Искршени се вратите на Инфоцентарот на ЕУ
Оштетени се вратите на објектот на Инфоцентарот на ЕУ.
Во СВР Скопје ноќеска во 4.20 часот е пријавено дека на булевар „Кирил и Методиј“, Д.А.(22) од Скопје со употреба на физичка сила извршил оштетување на две стаклени врати на објектот во кој што е сместен Инфоцентарот на Европска Унија.
Од МВР информираат дека тој е приведен во Полициската станица Центар и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
