Искршени повеќе штабови, во Битола украден и телевизор
Искршени се повеќе штабови деновиве.
Во текот на ноќта помеѓу 13 и 14 октомври е оштетен штаб во Битола, при што е украден и телевизор.
Непознат сторител со тврд предмет го скршил стаклото од штабот и го одзел телевизорот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Непознат сторител со бекатон плочка скршил прозорско стакло од штаб на политичка партија, завчера еден час по полноќ на улицата Цветан Димов во Скопје, соопшти полицијата.
Претходно од една политичка партија соопштија дека се вандализирани два нивни штаба во скопската наслеба Лисиче, при што биле оштетени и некои од нивните изборни материјали.
Слично
