Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСКРШЕН УШТЕ ЕДЕН ШТАБ: На мета простории на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

ИСКРШЕН УШТЕ ЕДЕН ШТАБ: На мета простории на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Искршен e излог на штаб на ВМРО-ДПМНЕ на улицата Моша Пијаде во Кавадарци. 

Инцидентот С.А.(32)  вчера претпладне го пријавил во Полициската станица во градот.  Како што извести МВР, стаклото било искршено со камен во периодот од завчера вечерта до вчера наутро. По сторителот се трага.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ова не е прв ваков случај. Од почетокот на кампањата пред неколку дена искршени се неколку штабови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, но и седиштето на ДПСМ во Скопје каде било претурано по документи. 

Слично

Поврзани вести