Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСКРШЕН УШТЕ ЕДЕН ШТАБ: За која партија се работи?

ИСКРШЕН УШТЕ ЕДЕН ШТАБ:  За која партија се работи?

Оштетен е уште еден штаб на политичка партија во скопско. 

Утрово e искршен штабот на Обединети за Македонија, партијата на Љубе Бошкоски во населбата Драчево.

„Им порачуваме на политичките криминални опоненти дека вандализмот нема да ја смени изборната слика во Драчево и Македонија во Македонија дојде животот и слободата на централно ниво и истото ќе се случи на локално, без разлика на користењето на нечисти методи од страна на опозицијата. Ги повикуваме надлежните органи да го расчистат овој настан и сторителите да бидат најстрого казнети“- велат од  Обединети за Македонија.

Откако почна кампањата за локалните избори, искршени беа штабови на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПСМ, БЕСА во различни општини. 

Слично

Поврзани вести