Искршен новиот затворен базен во Струга уште неотворен
Фото: СДК
Струшката полиција констатирала оштетување на еден од прозорците и влезната врата од новиот затворен базен во Струга кој се уште не е отворен за граѓаните и спортските организации.
Свеченото отворање е најавено за два дена, но веќе имало пријава до полицијата за оштетениот имот.
Претходно Струга немаше 15 години затворен базен, а стариот беше руина. Базенот, кој според првичните најави требаше да биде отворен летово, по санирање на оштетувањата ќе почне со работа.

Слично
