ИСКРИЧЕЊА ИЛИ ПРИБЛИЖУВАЊЕ: Гаши тврди дека ДУИ треба да остане на идејата Албанец премиер
Какви комбинаторики се прават меѓу албанскиот политички блок. Во услови кога се договара новото парламентарно мнозинство сведоци сме на извесни искричења ама и приближувања на тврдите ставови. Африм Гаши лидерот на Алтернатива за Слободна ТВ денеска вели дека сепак нивниот противник ДУИ треба да проба и да издејствува Насер Зибери да биде премиер. Но додава ако тоа не им успее да остават преговорите д аги водат Алијанса и Алтернатива на Албанците.
„ДУИ треба да проба Насер Зибери да биде премиер, тие добија пратеници заради него и ако не можат тоа да го остварат ќе треба да отстапат и ќе треба да се направат нови комбинаторики и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори. Но имавме разговори со Зијадин Села и заклучивме дека нема да влагаме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет, вели Гаши.
Тие две партии се во коалиција и цело време тврдеа дека идејата на ДУИ за Албанец премиер е фарса, симболика.
Ние се спротивставивме за идејата премиер Албанец, мислејќи дека тоа е само симболика, а не содржина. И сега не можеме да ги излажеме нашите гласачи кои веруваа на овој концепт за да одбраниме некој друг концепт, вели Гаши
Сега Гаши вели дека кога партијата го губи легитимитетот. Додава дела имало и поткуп и крадење на гласови.
Од друга страна, вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети објави дека се сретнал со претседателот на Движењето „Беса“, Билал Касами. Беса на изборите коалицираше со СДСМ..
„За време на конструктивната средба, се согласивме да ги продолжиме нашите напори за евроатлантскиот пат на земјата, како и долгоочекуваните реформи кон владеењето на правото преку развивање на отворен и континуиран дијалог, напиша Ахмети на фејсбук.
