Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

Извршени се претреси во Виница и виничко, при што се лишени до слобода пет лица поради „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“, објави Министерството за внатрешни работи. 

Како што соопштуваат, во текот на вчерашниот ден (15.12.2025) полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода И.А.(61) и С.А. (63), двајцата од с.Јакимово, виничко, Д.Т.(66) од Кочани, М.И.(62) и Ј.М.(30), двајцата од Виница. 
- Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на с.Калиманци сопреле патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. со сопатници И.А. и Д.Т. и патничко возило „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. од Виница со сопатник Ј.М., при што во двете возила биле пронајдени и одземени метален детектор и алат.

По насоки на надлежен јавен обвинител и по извршени проверки во содејство со кустоси од Музеј „Теракота“ Виница во с.Калиманци било констатирано дека пријавените во временскиот период од 13 до 15.12.2025 извршиле ископ. 
По наредба на Основен суд Виница, извршени се претреси во домовите на М.И., С.А. и И.А., при што биле пронајдени и одземени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина и друг алат. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава - се посочува во соопштението. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести