Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Ципрас ни честиташе за храброста

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Ципрас ни честиташе за храброста

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа за уставните измени со што обезбедија потребно двотретинско мнозинство за Преспанскиот договор, истакнаа дека Алексис Ципрас им честитал за храброста по средбата со грчкиот премиер при неговата денешна официјална посета на Скопје.

- На средбата ги искажавме нашите очекувања за поддршка на Република Грција во евроатланската интеграција на нашата држава. Премиерот Ципрас истакна дека не само што ќе не поддржат туку и ќе се заложат да бидат водилка по тој пат. Ни честиташе за нашата визија и храброст, и потенцираше дека со конкретни чекори од кој првиот е денешната историска посета, ќе работиме заедно за создавање пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ, се вели во заедничкото соопштение на осумтемина народни избраници од независната пратеничка група.

Пратеникот Зекир Рамчиловиќ контактот со Ципрас го опиша како „државнички“ на својот профил на Фејсбук пред официјалниот дел од средбата со шефот на грчката влада.

Слично

Поврзани вести